Вучиќ: Промени во доктрината и пристапот во дијалогот со Приштина
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска најави дека ќе има промени „во доктрината и пристапите“ за продолжување на дијалогот со Приштина, што, како што рече, значи дека повеќе нема да биде можно Белград да биде ставен пред свршен чин, јави дописникот на МИА од Белград.
Вучиќ рече дека Белград останува отворен за дијалог, но дека разговорите ќе ги води на „поинаков начин“.
-Кога некој ќе ве изневери еднаш, тоа им се случува на добрите луѓе затоа што му верувале на некого на нивниот збор или потпис.
Кога ќе ве изневери по втор пат, можеби премногу сте верувале или сте сакале да верувате. Ако тоа продолжи, тоа не говори за личноста што те изневерила, туку дека вие сте будала.
Толку будали повеќе не сме, им рече Вучиќ на новинарите во Белград по приемот организиран за основците од Косово.
Тој рече дека можно е во одреден момент Белград да мора да прифати нешто на сила, но тогаш ќе биде јасно дека тоа е направено без договор.
-Насила можете да спроведете сè, но ќе треба да кажете дека тоа го спроведувате со сила, рече Вучиќ.
По повод 20-годишнината од „мартовскиот погром“ против Србите на Косово, тој рече дека прогонот и насилството врз нив „со иста сила и жестокост“ продолжува и денеска.
Ново на Сител
-
Наместо 5.000 денари, пензионерите во септември ќе добијат 2.500, а останатите во март
-
Борисов со нови закани, Мицкоски вели дека изјавите му се застарени
-
Синдикатот на полицијата со кривична против Оливер Спасовски
-
Преглед на вестите од светот
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари