-->
-->
Вучиќ не ја исклучува можноста Белград да го признае Косово
-->
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, навести оти не ја исклучува можноста за евентуално признавање на независноста на Косово, но истакна дека Белград треба да добие нешто за возврат, пишува белградскиот весник „Данас”.
- Пред сè, мораме да постигнеме компромис. Не може да го признаеме Косово, а ништо да не добиеме од другата страна, изјави Вучиќ во интервју за италијански медиум, по повод претстојната посета на италијанскиот премиер Џузепе Конте во Србија.
Вучиќ посочи дека прашањето за промена на границите е спорна тема, бидејќи не сите ги признаваат истите граници, во зависност од тоа дали ја признале независноста на Косово или не.
- За разлика од косовските лидери, кои секој ден ги лажат своите граѓани со нереални ветувања дека Приштина ќе добие се, а Белград – ништо, моја обврска е да им го објаснам на Србите значењето на компромисот (со Приштина), кој не претставува пораз, туку победа. Победата за иднината на Србија, рече Вучиќ.
Тој негира дека имал тајни средби со претседателот на Косово, Хашим Тачи, како што тврдат некои медиуми, и ги нарече „чиста лага” тврдењата за постоење на проект за конечен договор меѓу Белград и Приштина, пишува весникот „Данас”.
Вучиќ повтори дека Белград нема да го продолжи дијалогот со Приштина, додека косовските власти не ги укинат царините од 100 проценти на увозот на стока од Србија и Босна и Херцеговина.
- Ако не биде постигнато компромисно решение за Косово, ќе биде катастрофа, иако изгледа тешко и понекогаш невозможно, ние сме решени да постигнеме компромис, сигурен сум дека можеме да дојдеме до решение со помош на нашите европски пријатели и со поддршка на Русија, Америка, Кина и други земји, рече претседателот на Србија.
Вучиќ истакна дека ја цени посредничката улога на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, за разлика од Приштина, која е критична кон Брисел.
- За проблемите меѓу Србите и Албанците (косовски), не можам да ја критикувам Европа, која направи сè што може за да го зачува мирот, посочи Вучиќ, цитиран од весникот „Данас”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство