Вучиќ: КФОР не ја говори вистината дека Белград бил информиран за полициската акција во Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска реагираше на изјавата на портпаролот на Меѓународните сили во Косово (КФОР), полковник Виченцо Грасо, дека властите на Србија биле пред време информирани за вчерашната полициската акција во северно Косово, истакнувајќи дека претставниците на меѓународната заедница во Приштина „не ја говорат вистината“.
Вучиќ нагласи дека на денот на акцијата можеби имало некои контакти по 11.30 часот, но дека немало контакти кога „почнала кризата“ и кога таа кулминирала.
Тој додаде дека српската страна од разузнавачки извори знаела оти се подготвува нешто такво и потсети дека за ова зборувал во јавноста пред повеќе од десет дена.
– Ние нив ги информиравме. Се до 17 мај, баравме од нив тоа да не го спроведат. И кога рекоа дека тоа мораат да го сторат поради борбата против корупцијата, тогаш нашите луѓе од Канцеларијата за Косово побараа да не упаѓаат на север, туку да испратат повик (до осомничените). Важно е да видиме кого тие информирале пред 17 мај, изјави Вучиќ.
Тој оцени дека ситуацијата за Србите во Косово, ден по полициската акција, е многу потешка, отколку што беше, поради што ги повика на единство.
Портпаролот на КФОР, полковник Грасо, денеска за ТВ Прва изјави дека „вчера ситуацијата била под контрола“ и дека меѓународните сили постојано ја следеле.
– Имавме добра размена на информации и бевме во контакт со косовските институции, дури и со српските власти и сите беа однапред информирани за она што се случува, така што немаше изненадувања и не е изненадување она што се случи, рече Грасо.
Тој оцени дека „во овој момент мирот во Косово е најзагрозен од реториката и пропагандата, понекогаш и од лажните изјави“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат
-
ДУИ со стара реторика – Ќе го бранат албанскиот јазик со сите можни механизми