Loading Video...
Балкан
8. January 2025 - 19:42

ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер

Бугарските политичари во нов обид да обезбедат мнозинство за формирање на влада... ГЕРБ на Бојко Борисов повторно презема иницијатива за продолжување на преговорите за формирање коалициска влада,откако еднострано ги заврши во неделата. Преговарачкиот тим добил насоки да ги продолжи преговорите со „БСП – Обединета левица“ и „Има таков Народ“, со предлог Росен Желјазков да биде предлогот за премиер. Пратениците на ГЕРБ од парламентот порачаа дека за нив приоритет е формирање на редовна влада.

„Наш главен и единствен приоритет во овој момент е да формираме редовна влада која ќе биде политички одговорна и зад која стои јасно политичко мнозинство“, изјави Тома Биков, ГЕРБ-СДС.

Преговори се возможни и со Демократска Бугарија, само ако го прифатат Желјазков за премиер.

Лидерот на ДПС-НН Пеевски пак инсистира на нови избори, ако сега не се формира влада.

На стартот на првиот состанок на бугарската техничка влада и премиерот Главчев, посака да биде избрана стабилна влада.

Да имаме постабилна Бугарија која поминува низ редовна влада, рече Главчев.

Според бугарските медиуми, партиите си поставиле рок до петок интензивно да преговараат.

Шефот на државата Радев, најави дека ќе им даде уште малку време на преговарачките страни да се разберат пред да врачи мандат за состав на нова влада.