Вучиќ: Ја прашав Могерини „Што би било ако реагиравме во БиХ како сега Албанците во Македонија?“ – Еве што одговори
По средбата со високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини, премиерот на Србија Александар Вучиќ одржа прес-конфенција за медиумите на која во најголем дел одговараше на прашања поврзани со средбата.
-Ја прашав Могерини: „Дали би молчеле и кога би кажал дека Србите ќе ги преземат работите во свои раце како што тоа го кажаа Албанците во Македонија?“ Нема да ви кажам што одговори, но тоа можевте да го заклучите од нејзиниот говор, истакнува Вучиќ.
Тој метафорично кажал дека „ќе го обесат на Теразије“ за пример доколку би давал изјави како некои албанки политичари.
-Загрижен сум поради фактот дека сите молчеа на стравичната изјава на Тачи, дури и некои наши медиуми, дека Албанците во Македонија ќе ги преземат работите во свои раце. Тоа некој да го изговореше овде, ќе имас последици не само за поединецот, туку и санкции за Србија, вели српскиот премиер.
Прашан за тоа што одговорила Могерини која тој го изнел својот став, Вучиќ вели дека забележал оти не е секогаш лесно да се одговори на вистината која некој ја кажува.
-Што да одговори на тоа ако јас и кажам дека Србите во БиХ и Црна Гора, кои се околу 30 проценти, треба да ги земат работите во свои раце. Па ќе ме обесат на Теразије за пример. Кој одговор да го кажете кога знаете дека сум ја кажал вистината, вели Вучиќ.
Ново на Сител
-
Мицкоски утре до Собранието ќе го поднесе составот на новата Влада - Гласање викендов
-
Од први септември градежните компании ќе работат по европски стандарди - Ќе поскапат ли становите?
-
Младите со акција за заштита на Охридското Езеро од отпад
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија