Вучиќ: Изразувањето на лични желби не придонесува за добри односи
Изјавите кои се однесуваат на обединување на Албанија и Косово се само во доменот на личните желби на поединци, но би ги замолил да не ги изнесуваат јавно, бидјеќи тоа не придонесува за развој на добрите односи во регионот, изјави денеска новоизбраниот претседател на Србија и актуелен српски премиер Александар Вучиќ.
- Таквите изјави не продонесуваат за создавање на атмосфера на соработка и спроведување на заеднички проекти, рече Вучиќ, коментирајќи ја изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за можно обединување на Албанија и Косово, доколку пропадне европската перспектива на земјите од регионот.
Вучиќ нагласи дека на сите им е јасно дека до обединување на Албанија и Косово нема да дојде, без разлика на нечии желби.
- Ние никого нема да навредуваме и нема да се закануваме со никакви изјави. Пред се размислуваме за економскиот напредок на Србија, порача Вучиќ на прес-конференција во Белград.
Рама завчера во интервју за бриселскиот весник „Политико“ изјави дека ако перспективата за членство на земјите од Западен Балкан во ЕУ продолжи да се намалува, тогаш би можело да се дојде и до обединување на Албанија со Косово.
Ново на Сител
-
Почина папата Франциск
-
Папата Франциск - Единствен кој ја посети Македонија
-
На предлог-извештајот на Вајц за земјава поднесени 313 амандмани
-
Синдикатот на културата утре излегува на протест
-
За три дена скопската Брза помош интервенирала кај 45 граѓани кои колабирале на јавни места
-
АХВ уништи небезбедна храна, најчесто се продавала во Охрид и Струга
-
Штипска модуларна ќе се преадаптира во специјалистичка амбуланта
-
Училиштата во Босилово започнуваат со сопствено производство на струја