Балкан
8. October 2018 - 15:21

Вучиќ и Столтенберг: Ќе направиме се да го сочуваме мирот

 Ќе сториме се што може за да го зачуваме мирот и безбедноста во регионот, изјавија денес српскиот претседател Александар Вучиќ и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, во разговорот на посебниот настан-Лидерство за регионална безбедност, во рамките Белградскиот безбедоносен форум.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека е тешко да се направи разлика помеѓу мирот и војната и дека е неопходно да се биде подготвен за непредвиденто и непредвидливото и во однос на борбената готовност.

"Треба да го прифатиме фактот дека живееме во време на хакерски војни, хибридни војни", рече Столтенберг, посочувајќи дека „она што треба да го направиме е да се подготвиме за непредвидливото и да бидеме подготвени за брза реакција.“

НАТО ја зголеми својата борбена подготвеност, како и подготвеноста на разузнавачките служби и подготвеноста во високотехнолошкиот аспект, додаде генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг изрази и загриженост во врска со враќањето на сцената на националистичката реторика во регионот.

"Не може Брисел да ги решава проблемите во регионот, но може да помогне. Со проблемите треба да се справат луѓето кои живеат тука и зтоа повикувам за мир и да не се вратаќаме на националистичката реторика", рече Столтенберг. Тој додаде дека е важно да се потсетиме дека регионот има помина долг пат од времињата на војни и страдањето во деведесеттите години од минатиот век.

"Јас не велам дека нема повеќе проблеми, тензии и предизвици, но не така одамна, состојбата беше многу полоша и поопасна, а не само за луѓето од регионот, туку и за остатокот на Европа, бидејќи нестабилноста во регионот е главен безбедносен ризик за целата територија на Европа и НАТО ", рече генералниот секретар на НАТО.

Столтенберг ја поздрави идејата за создавање на единствен економски простор и за интегрисан регионален пазар.

Економските односи ја зголемуваат довербата и се надевам дека Србија и целиот регион ќе станат дел од Европската унија, рече Столтенберг,  додавајќи дека секогаш треба да се биде подготвен за непредвидливото.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на дебатата со Столтенберг рече дека Србија ќе стори сé за да ги избегне конфликтите и да го зачува мирот и стабилноста во регионот, бидејќи тоа е неопходно за економски напредок.

"Ние секогаш ќе ги подржуваме нашите соседи, со Македонија, ќе дадеме се од себе за да го продолжиме дијалогот со приштинските Албанци, да воспоставиме подобри односи со новите лидери во БиХ, мислам дека нема сомневање дека ќе мораме да имаме подобри односи и со Хрватска, онолку колку што Србија можеме да придонесе", рече Вучиќ.

Како што рече, "ние ќе се потрудиме да не им предизвикуваме главоболка на големите сили, но пред се, да не создаваме главоболка на сопствениот народ, да создадеме подобро економско опкружување за да можеме да се развиеме".

"Знаеме што ни е направено, она што им го направивме на другит, и треба да ги избегнуваме грешките што ги направивме во минатото и да се погрижиме за иднината, што нема да биде лесно", рече претседателот на Србија.

Вучиќ потврди дека разговарал со Столтенберг за инцидентите во Косово и дека се согласиле да претседателот на Србија може да контактира со него секогаш кога е потребно во случај на нови проблеми.