Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места

Мнозинството жени во Германија не се чувствуваат безбедно на јавни места, покажа анкета објавена денеска.
Во анкетата спроведена од институтот за истражување на јавното мислење Civey во име на Funke Media Group, 55 отсто од анкетираните жени изјавиле дека се чувствуваат небезбедно на кое било од наведените јавни места, како што се улици, јавен превоз или паркови.
Клубовите и железничките станици се покажаа најлошо, при што само 14 отсто од жените рекле дека се чувствуваат безбедно таму.
Меѓу сите испитаници, вклучувајќи ги и мажите, речиси половина (49 посто) рекле дека не се чувствуваат безбедно на ниту еден од споменатите јавни места.
За анкетата, која Civey ја опиша како репрезентативна, институтот интервјуирал 5.000 луѓе на возраст од 18 години и постари преку интернет помеѓу 23 и 27 октомври.
Иако неодамнешните коментари на германскиот канцелар Фридрих Мерц, кои ја поврзуваат миграцијата со проблемите во градовите, предизвикаа речиси секојдневна реакција, повеќе од анкетираните – 47 проценти – ги оценија коментарите на Мерц позитивно, а 42 посто негативно ги гледаат изјавите.
На 14 октомври, Мерц изјави дека владата се справува со минатите неуспеси во миграциската политика и дека напредува, „но сè уште го имаме овој проблем со тоа како изгледаат нашите градови, се разбира, и затоа федералниот министер за внатрешни работи олеснува и спроведува депортации во голем обем“.
Минатата среда, Мерц посочи дека проблемите се предизвикани од мигранти кои немаат статус на постојан престој, не работат и не ги почитуваат правилата во Германија.
МИА
Ново на Сител
-

Истражување: Повеќето жени во Германија се чуствуваат небезбедни на јавни места
-

По земјотресот со јачина од 6,1 степен, повеќе од 100 последователни потреси во Турција
-

Скопје домаќин на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој (IFESD-14)
-

Прв лет Скопје - Мадрид
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
