Вучиќ го замоли адмирал Манч НАТО да го заштити српскиот народ на Косово
Српскиот претседател Александар Вучиќ го прими во Белград командантот на Командата на здружените сили на НАТО, адмирал Стјуарт Манч со кого разговараше за состојбата на Косово и за соработката со НАТО во рамки на политичката и воена неутралност на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.
Во разговорот, како што соопштија од кабинетот на српскиот претседател, двајцата соговорници се согласиле дека „за јакнење на меѓусебната доверба најважен е редовен дијалог на двете страни.“
Вучиќ истакнал дека КФОР има важна улога во зачувување на мирот и за заштитата на Србите на Косово.
– Сакам повеќе од се да ја видам стабилноста и мирот. Ве молам, само да го заштитите нашиот народ на Косово во рамки на Кумановскиот договор и Резолуцијата 1244 на Обединетите нации, истакна Вучиќ, се наведува во соопштението.
Адмиралот Манч ја истакнал соработка на Србија со КФОР, почитувајќи ја нејзината воена неутралност.
Манч во вчерашното интервју за Танјуг рече дека КФОР внимателно ја следи ситуацијата на северот на Косово и е подготвен да пружи безбедна средина и слобода на движење за сите заедници насекаде во Косово, во согласност со мандатот заснован на Резолуција 1244 на Советот за безбедност на ОН.
Тој апелираше до сите страни да дејствуваат конструктивно, со цел да се обезбеди безбедност и слобода на движење на Косово.
Ново на Сител
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство
-
Парите од Британија ќе се позајмуваат кога ќе имаме готов проект, каматата ќе зависи од рочноста
-
Калас утре во Скопје, Мицкоски убеден дека ЕУ ќе најде решение за македонската интеграција
-
Зибери: Институциите не реагираат навремено на препораките на омбудсманот
-
Преглед на вестите од светот
-
Прес-конференција на Коцевски
-
Филипче: Со ново задолжување од 6 милијарди евра јавниот долг ќе надмине 115% од БДП