Балкан
22. August 2023 - 9:32

Вучиќ: Добар и отворен разговор со Зеленски за сите важни прашања

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, соопшти дека имал добар и отворен разговор со претседателот на Украина, Володимир Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот.

По повод 20-годишнината од усвојувањето на Солунската декларација, на иницијатива на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, синоќа беше одржана неформална вечера на лидерите од Западен Балкан и европски претставници, на која присуствуваше и претседателот на Украина.

„Добар и отворен разговор со претседателот Володимир Зеленски за сите важни прашања, како за Србија и Украина, така и за целиот регион и светот. Ги разгледавме настаните во Украина и Косово и уште еднаш истакнав дека Србија го почитува територијалниот интегритет на Украина, што јасно и недвосмислено го кажуваме од почетокот на конфликтот“, напиша Вучиќ на Инстаграм.