Живот
21. February 2022 - 12:10

Второ издание на фестивалот Коронијалс

Домот на културата Кочо Рацин по втор пат ќе биде домаќин на фестивалот Коронијалс. Ќе биде одржан од 21 до 28 февруари,  а според организаторите, фестивалот е еден од ретките кој успева да го разбуди уметничко Скопје.

Најавени се голем број учесници од областа на класичната музика, театарот и уметноста. Влезот на фестивалот е бесплатен. Заинтересираните можат да ја погледнат програмата во прилог.