Свет
20. September 2024 - 20:05

Шефот на ИДФ вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили

Началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-полковник Херзи Халеви, по атентатот на високиот командант на Хезболах, Ибрахим Акил во Либан, вети дека војската ќе стигне до секој што им се заканува на израелските цивили.

– Командантите на Хезболах што ги елиминиравме денеска со години планираа „7 октомври“ на северната граница. Стигнавме до нив и ќе стигнеме до секој кој ја загрозува безбедноста на граѓаните на државата Израел, рече Халеви во изјава објавена од ИДФ.