Јаневска: Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува
Денеска се одбележува Светскиот ден на науката за мир и развој. Им го честитам на сите научници и истражувачи, кои се трудат преку свои лични достигнувања и успеси да помогнат во развојот на државата. Науката е област на која новата Влада сериозно и се посветува. За нас е сосема јасно дека не постои друга алтернатива за национален просперитет, освен да вложуваме во знаењето на граѓаните и во науката, напиша на Фејсбук министерката за образование и наука, Весна Јаневска.
Буџетот за научно - истражувачка дејност за следната година, како што посочи Јаневска, ќе биде речиси двојно поголем од годинешниот, а интенцијата е во следните четири години да изнесува најмалку 1 отсто од бруто домашниот производ, за разлика од сегашните 0,3 отсто.
- Ќе се обидеме да создадеме подобри услови за наука и истражување. Ќе поддржиме научно - истражувачки проекти од јавен интерес и поголема активност на лабораториите во рамки на јавните научни и високообразовни установи. Ќе обезбедиме нови извори на научна литература. Финансирање на објавени научни трудови. Организирање домашни научни конференции и учество на меѓународни манифестации. Продолжува доделувањето стипендии за студии од втор и трет циклус во државата, но и во странство на најдобрите 100 светски универзитети за да привлечеме повеќе млади со потенцијал за истражувања и иновации, истакнува Јаневска.
Според неа, клучно ќе биде носењето на нов Закон за научно - истражувачка дејност кој ќе се изработи заедно со засегнатите и со стручната фела.
-Искрено очекувам и поддршка од бизнис заедницата, но и од сите останати чинители кои во науката гледаат важен столб на општеството и кои можат да помогнат на каков било начин во неговото зацврстување. Само со сплотеност на намерите можеме да постигнуваме цели и да одиме напред. Честит нека е 10 ноември – Светскиот ден на науката, напиша Јаневска на Фејсбук.
Ново на Сител
-
Портокалов метео аларм во Шпанија, повторно се очекуваат обилни дождови
-
Протест пред обвинителството во Нови Сад: Граѓаните бараат ослободување на активистите
-
Во Италија вратена и втората група мигранти од кампот Ѓадр во Албанија, но и дел од вработените
-
Муцунски: На седумте амбасадори им завршува мандатот, во моментов течат консултации и наскоро ќе почне процес на именување нови амбасадори
-
Мерц: Избори во февруари e добро решение
-
Дарио Ивановски е спортист на годината, награди и за легендарните Хаџиевски и Радиќ
-
Маж избодел две девојчиња и двајца мажи, случајни минувачи во Урошевац
-
Кина: Возач намерно удри со автомобилот во толпа, загинаа 35 лица