Втора победа за македонската ракометна репрезентација во евро-квалификациите
Втора победа за македонскиот национален тим во вториот настап во Групата-7 во квалификациите за Европското првенство 2022. Вечерва во Шафхаузен, совладана е домашната селекција на Швајцарија со 25:23.
По изедначеното прво полувреме и нерешените 10:10, домаќините беа подобри во првите 15 минути од вториот дел и дојдоа во водство од 18:15. Следуваше серија од 5:0 за избраниците на селекторот Данило Брестовац за водство од 20:18. Оваа низа од пет постигнати без примен гол на крајот се покажа како решавачка за исходот на мечот.
Капитенот Кире Лазаров со шест погодоци беше најефикасен во македонската репрезентација. Стојанче Стоилов постигна пет гола.
Во поразениот тим најефикасен беше Андре Шмид со шест голови.
По првите две кола во седмата група, водат Данска и Македонија со по четири бода, Швајцарија и Финска немаа освоено бод.
Ново на Сител
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат
-
Тема на денот со Ана Каранфилова Мазневска, раководител на сектор за отпад во МЖСПП
-
Дрисла чади 4 ден, надлежните утре влегуваат со нова механизација
-
Партиите ги финализираат списоците со кандидати за градоначалници и советници - утре на полноќ истекува рокот за поднесување
-
Предизборни пратенички прашања: АНБ, провокации за името, партиски трансакции
-
Онкологија 2: Нино Васев и Ненад Нухи не чувствуваат вина за кривичните дела за кои ги товари обвинителството
-
ОЈО - Штип со детали за тешката сообраќајна несреќа со кобни последици
-
Со зголемени казни пониски цени - Владата најави измени во Законот на нефер трговски практики