Loading Video...
Спорт плус
11. April 2022 - 12:06
Втора победа сезонава за Бастијанини во Мото ГП
Нова возбудлива трка имаше во Мото ГП шампионатот, во кој на програмата беше американското Гранд-при.
На патеката во Оусти, најбрз беше Италијанецот, Енеа Бастијанини.
Членот на Гресини Рејсинг прв ја мина целната рамнина, па до својата втора овосезонска победа стигна пред Алекс Ринс кој во последниот круг го мина Џек Милер, па Шпанецот завриши како втор а Австралецот мораше да се задоволи со третото место, иако долго време беше во водство.
Следната трка во Мото ГП ќе се вози на 24 април за Големата награда на Португалија.
-
Игор Трепески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->