-->
-->
Втора дезинсекција против крлежи во општина Куманово
-->
На подрачјето на општина Куманово денеска се спроведува втората фаза од дезинсекција против крлежи со која се опфатени јавните зелени површини во градот. парковите, зеленилото покрај кејот, површните пред јавните институции и установи во градот.
- Дезинсекцијата против крлежи се спроведува како мерка за спречување на вектор преносливи заболувања, се наведува во соопштението на општина Куманово.
Третираните површини видно се одбележани. Од општината соопштија дека не е препорачлив подолг престој на површините, особено непосредно по извршувањето на третманот.
- Третирањето против крлежите го спроведуваат стручни екипи од приватна компанија ангажирани од општината за таа намена, преку претходно распишан тендер, при што за дезинсекција и дератизација општината одвои околу 700.000 денари, информираше Гордан Таневски, комунален редар од секторот за инспекциски надзор.
Ова е втора дезинсекција против крлежи на подрачјето на општината за тековната година. Првата дезинсекција беше спроведена кон крајот на јуни годинава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
-
Активисти за студентски права од Западен Балкан на форум во Скопје
-
„Кликни безбедно“ прв хакатон за креирање иновативни решенија од средношколци
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ за партиски цели злоупотребуа локални институции
-
Преглед на вестите од светот
-
30 дневен притвор за петмина осомничени во убиството во Штип
-
Индија против Пакистан - Каков е односот на силите?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски координатор на пратеничка група СДСМ