Македонија
10. May 2025 - 16:42
Еколошка акција за чистење на дното на Охридско Езеро
Автомобилски гуми, отпад во форма на пластика, стакло, лименки, најразличен вид на градежен шут извадени од дното дното на Охридско Езеро.
Околу стотина нуркачи од земјата, но и клубови од регионот се вклучени во акцијата за чистење на дното на Охридското езеро на потегот од вливот на реката Черава кај Љубаништа па се до Калишта во Струга, вклучувајќи ги и Заливот на коските, кампот Градиште и градското пристаниште.
Целта на оваа акција е да се извади цврстиот и штетен отпад од езерото и да се влијае на јавната еколошка свест на охриѓани и туристите кои доаѓаат.
Инаку, меѓународната акција под наслов “ОХРИД ЕКО 2025” се организира четврта година по ред.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->