Втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеца
По вчерашниот вооружен инцидент во близина на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трам уапсен е 58 годишниот Рајан Весли Рут од Хаваи. ФБИ го истражува инцидентот како „обид за убиство“.
Тоа е втор „обид за убиство“ врз Трамп во рок од два месеци. Тој во средината на јули на собир во Батлер, Пенсилванија беше погоден во уво.
Додека Трамп вчера играше голф во Вест Палм Бич осомничениот бил на 270 до 450 метри од него. Еден од агентите на Тајната служба забележал автоматска пушка Калашњиков зад грмушка во близина на теренот за голф, по што биле истрелани најмалку четири куршуми кон осомничениот. Тој ја фрлил пушката, два ранци и други предмети и побегнал со црн спортски автомобил, но бил уапсен во соседната област.
ФБИ очекува федералниот суд во Јужна Флорида да побара „процена на менталното здравје“ на Рут пред какви било можни кривични пријави.
Рут има криминално досие, тој во периодот од 2002 до 2010 година бил обвинет и осуден за бројни злосторства во округот Гилфорд, Северна Каролина. Кривичните дела вклучуваат носење оружје, давање отпор при апсење, возење со суспендирана дозвола, кражба и предизвикување сообраќајна несреќа и бегство од местото на несреќата.
Рут на социјалните мрежи често коментирал за политика и за актуелните настани, а повремено го критикувал и Трамп. Рут повикувал странски борци да одат во Украина за да се борат против руските сили. На неговиот профил има и пропалестински, протајвански и антикинески пораки. Тој мината година објави книга во која ги опишува неговите напори за поддршка на Украина.
Рут во книгата пишува и за преземањето на власта во Авганистан од страна на талибанците, за политичката ситуација во Тајван, како и за воените закани од Кина.
По инцидентот Трам им се обрати на своите приврзаници преку електронска пошта и им порача дека никогаш нема да се предаде.
Имаше пукање во моја близина, но пред гласините да излезат од контрола, сакав прво да го слушнете ова: БЕЗБЕДЕН СУМ И ДОБРО! Ништо нема да ме успори. НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ПРЕДАДАМ! Единство. Мир. Да ја направиме Америка повторно голема. Бог да ве благослови, напиша Трамп.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
Со стартот на грејната сезона зголемена опасноста од пожари
-
Иницијативен одбор во ЛДП бара смена на Зајкова, таа вели дека и се закануваат
-
Алијанса на Таравари со собрание за консолидација на партијата
-
ДСЗИ утре ќе го објави извештајот од надзорот за починатото 5–годишно девојче на детската клиника
-
ВМРО ДПМНЕ обвинува: СДСМ и ДУИ недоволно ги користеле апаратите за магнетна резонанца, а пациентите чекале
-
Власта да се откаже од новогодишната кошничка, бара СДСМ