Втор конгрес на патолози во Охрид

Од 1 до 4 септември во Охрид ќе се одржи Вториот конгрес на патолозите на Република Македонија, на кој ќе учествуваат еминетни предавачи од Европа и САД.
Научната програма на Конгресот опфаќа широк преглед на различни полиња од областа на патологијата со посебен фокус на гастроинтестиналната, генитоуринарната, гинеколошка патологија и цитопатологија.
Во рамки на Конгресот ќе се одржи работилница на Европската школа за патологија, со наслов „Патологијата на дојката во 21. век“, во организација на Европското здружение на патолози и на која како предавачи се вклучени тројца еминентни експерти во областа на патологијата: проф. Тибор Тот од Шведска, проф. Виценцо Еузебио и проф. Ана Сапино од Италија.
Вториот македонски конгрес на патолозите со меѓународно учество ќе овозможи размена на знаење и искуства на врвни експерти патолози и цитопатолози од Македонија и европските земји, кои ќе се осврнат на последните достигнувања во практиката и истражувањата во различни полиња на патологијата.
Ново на Сител
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
-

Охридско лето и А1 Македонија ја потврдија соработката и во наредните три години
-

Тема на денот со Љупчо Коцевски, државен јавен обвинител
-

Почна судењето за ,,Пулс"
