Втор фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици”
Четири играни и пет документарни филмови кои беа создадени под логото на „Вардар филм” ќе бидат прикажани на вториот фестивал „Вардар филм прикажува македонски филмски класици” кој ќе се одржува од денеска до 25 ноември во киното „Синеплекс“ во Скопје.
Како што соопшти „Вардар филм“, станува збор за дел од најзначајните филмски остварувања создавани во најдобрите и најплодните години на продуцентската куќа „Вардар филм”, од 1950 до 1997 година.
На фестивалската програма се играните филмови: „Фросина“ во режија на Воислав Нановиќ (1952); „Каде по дождот“ на Владан Слијепчевиќ (1967); „Џипси меџик“ на Столе Попов (1997) и „Виза на злото“ во режија на Франце Штиглиц (1959), и документарните филмови: „Дае“ на Столе Попов (1979); „Пула 1956“ во режија на Славко Јаневски (1956); „Радосно детство“ на Благоја Дрнков (1950); „Тенда“ на Ацо Петровски (1955) и „Охрид“ во режија на Киро Билбиловски (1954).
Ново на Сител
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик
-
Први во Европа, петти во свет - ама по загаден воздух
-
И денеска реакции за ветото на претседателката Сиљановска Давкова