Македонија
6. January 2025 - 16:37

Голем Бадникарски концерт во Струмица

Најмладите од Струмица веста за Христовото раѓање ја најавија со голем Бадникарски концерт на градскиот плоштад. Над 200 деца организирани во еден хор ги пееја божиќните каланди пренесувајќи ги  нивните пораки,  но  и благословите и надежта за мир, љубов и радост во секое семејство.

Големиот Христијански празник го честиташе и Викарниот епископ Стобиски Јаков кој потсети на значењето на Христовото раѓање. 

Освен празничната порака, најмладите од Струмица со концертот ја пожааа и нивната хуманост. Сите донации што беа собрани ќе бидат наменети во хуманитарни цели. На концерот му претходеа и големите бадникови поворки кои освен во градот годинава беа организирани и во повеќе населени места во целиот регион.