Врховниот суд на САД го поништи законот за абортус на Луизијана
Врховниот суд на САД денеска го поништи рестриктивниот закон за абортус на државата Луизијана.
Претседателот на судот, Џон Робертс, умерен конзервативец, им се приклучи на своите либерални колеги и законот беше поништен со пет спрема четири гласови.
Врз основа на текст усвоен во 2014 година, лекарите кои вршеле абортуси мораа да добијат одобрение за работа во болница која не е оддалечена повеќе од 50 километри од местото на интервенцијата.
Поддржувачите на законот истакнуваа дека станува збор за заштита на жените во случај на компликации, меѓутоа, застапниците на правото на жената на абортус истакнуваа дека според тој закон, две третини од болниците кои вршат абортуси во Луизијана ќе мора да бидат затворени.
Законот на Луизијана беше сличен на законот донесен во Тексас, кој беше укинат од Врховниот суд во 2016 година, оценувајќи го како премногу строг. ј
Ново на Сител
-

Тема на денот со Амар Мециновиќ, кандидат на Левица за градоначалник на Скопје
-

Кандидати и актуелни градоначалници се мобилизираа во чистење на главниот град
-

Кој треба да понесе одговорност по изборните резултати?
-

Мицкоски повика на масовност во втор изборен круг
-

Се зголемува бројот на жртви на семејно насилство во Прилеп
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли прегрупирање на гласови во вториот круг?
-

Тема на денот со Александар Трајановски, кандидат на СДСМ за градоначалник на Аеродром
