Врховниот суд на Хрватска ја укина пресудата за екстрадиција на Исмаил Морина на Србија, но тој останува во притвор
Врховниот суд на Хрватска ја укина првостепената одлука на судот во Дубровник со која беше одобрено екстрадирање во Србија на албанскиот државјанин Исмаил Морина, кој на натпреварот на репрезентациите на Србија и Албанија во Белград летал дрон со знамето на „Голема Албанија“, и нареди повторно одлучување по предметот.
Според оваа одлука на судот, Морина останува во притвор, до новата одлука за молбата на Србија за негово екстрадирање.
Во соопштението на Врховниот суд на Хрватска се прецизира дека оваа одлука е донесена на вчерашната седница, одржана по повод жалбата на адвокатот на Морина, но дека одлуката е укината по службена должност заради битни повреди на одредбите од хрватскиот Закон за кривична постапка.
Врховниот суд на Хрватска смета дека не е јасно за кое дело било одобрено екстрадирањето во Србија, односно дека заради оваа неразбирливост не може да се испита исполнетоста на низа услови за екстрадиција.
Општинскиот суд во Дубровник, каде Морина се наоѓа во притвор од апсењето по потерницата од Србија, му е наложено од страна на Врховниот суд да ги отстрани сите процесни недостатоци и да донесе нова одлука.
Жалбата на адвокатот на Морина не била разгледана, бидејќи одлуката била укината по службена должност.
Србија го бара предавањето на Морина заради кривично дело предизвикување верска, расна и национална омраза.
Против него е во тек истрага и во Вишото обвинителство во Белград.
Ново на Сител
-
ЈСП има нафта за уште 3 до 5 дена - Тендерот за набавка заврши, ама не се знае дали е успешен
-
Протест против загадениот воздух идниот вторник во Скопје
-
СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
-
Преглед на вестите од свет
-
Состанок на НАТО - Помошта за Украина во фокусот
-
Владата не гледа објективни причини за барањето на СДСМ за лидерска средба
-
СДСМ: Режимски тенденции на Мицкоски и ДПМНЕ, се спроведува опасна партизација на институциите
-
Храбро срце со реакција за малиот буџет за трансплантации