СЗЛДМ - Петиција за итно обезбедување на сензори за сите и квалитетни инсулински пумпи!
Квалитетен живот на околу 5000 граѓани во рацете на законодавната и извршната власт. Сојузот на здруженија на лица со дијабет бара сензори за сите на кои им е неопходна добра контрола на гликозата во крвта и квалитетни инсулински пумпи. Од денеска почнаа со потпишување на петиција за да го кренат алармот на пратениците и здравствентие власти конечно да обезбедат пари за овие барања и да дадат приоритет на здравјето.
-Ќе бараме дека тоа е особено важно да се донесе и да се заокружи, без разлика каков буџет ќе биде усвоен во декември, ќе инсистираме тоа да стане час поскоро реалност во Македонија. Затоа што ние 24 месеци чекаме уште 700 сензори, чекаме уште незнам што, доволно се изначекавме, доволно се изнаслушавме на ТВ, дебати, потпишано но никако да се имплементира, вели Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на лица со дијабет.
Актуелната состојба во државата, според Сојузот е загрижувачка. Само 18 проценти од лицата со дијабет имаат сензори а само 6 проценти инсулински пумпи. Тоа значи дека илјадници повеќе се соочуваат со компликации и неможат да ги осетат благодетите на новите технологии. Затоа петицијата ќе има и меѓународен карактер со поддршка од организации надвор од Македонија.
-Веќе спремаме петиција за наша поддршка во странство, тоа ќе оди на меѓународна платформа на англиски. Ќе бараме од нашите партнери – пациентски организации во регионот и Европа да дадат поддршка за да покажеме во Македонија дека сегде веќе, вклучувајќи ја и Србија, ние останавмње единствената држава каде нема сензор за секое лице со дијабет тип 1, вели Велев.
Од Сојузот алармираат дека дијабетесот не смее повеќе да биде игнориран и не смее да се дозволи да растат бројките на луѓе кои ослепуваат од ретинопатија, завршуваат на дијализа, ампутација, мозочни и срцеви удари.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар