Времето денес променливо облачно, локално со повремени врнежи од дожд
Времето во земјава ќе биде променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.
Утринската температура ќе се движи од 0 до 6, а дневната од 9 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, од претпладне со повремен дожд кој до крајот на денот ќе престане. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 11 степени.
Во недела ќе се задржи променливо облачно и ќе биде постудено преку денот со услови за слаб дожд во југозападните делови. Дневните температури од понеделник благо ќе се покачуваат, а утринските ќе се задржат во интервал од најчесто неколку степени под нулата во повеќето места, па се до 3 до 4 степени на југоистокот. Во вторник и среда ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ново на Сител
-
Државата им плаќа да студираат на престижни универзитети, ама не го користи нивниот потенцијал
-
ЕУ очекува уставни измени и почитување на Преспанскиот договор од новата Влада
-
Ибраимовски демантира дека им се заканувал по живот на уставните судии
-
Камбовски: Распуштање на Судски не е опција
-
Преглед на вестите од светот
-
На секоја втора фирма во Македонија и се барало мито
-
Граѓаните не се доволно вклучени во процесот на носење одлуки
-
Не запираат дивоградбите во Охрид