Времето денес: Облачно и потопло со температури до 22 степена

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло, а во источните делови со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус шест до два, а дневната од 10 до 22 степена.
Во Скопје променливо облачно и потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус два, а дневната ќе се искачи до 13 степени.
Во среда попладне под влијание на влажен бран од Медитеранот ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат позастапени во западните делови од земјава каде на планините ќе има и врнежи од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец кој на моменти ќе достигнува брзина и над 70 км/ч.
Преодно стабилизирање се очекува во четврток, а од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и умерен јужен ветер.
Ново на Сител
-

Последени моменти од 2025 година
-

Охрид во очекување на Новата година
-

Сиљановска: 2026 ќе биде година на реформи
-

Гаши: Со единство до напредок
-

Мицкоски: 2026 ќе биде година на напредок
-

Паркирањето во центарот на Штип целосно се дигитализира
-

Преглед на вестите од светот
-

За 8 години тројно намален и бројот на железнички линии и на патници
