Цветинова награда за мир за Доналд Трамп

Македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски – Цветин, на последниот ден во 2025 година, ја додели Цветиновата награда за мир на американскиот претседател Доналд Трамп. Со поддршка на членовите на Цветиновиот комитет за мир, денеска во 5 до 12 на плоштадот Македонија, Поповски - Цветин ја додели наградата на претседателот Трамп за неговите заложби околу стопирање на војната во Украина и на Блискиот Исток.
- Претседателот на САД, Доналд Трамп не ја доби Нобеловата награда за мир, но ја доби Цветиновата награда за мир. Испраќаме поддршка да продолжат напорите за смирување на завојуваните страни во Украина и да дојде мирот на сите жаришта во светот. На последниот ден од годинава, исто така, испраќаме порака со заложба членките на НАТО да не се движат кон заострување на воената реторика и дејствија, туку да размислат што значи да се прошири војната во други региони. Да работат на смирување на состојбите наместо на упатување војска и материјални средства за разговорување на жариштето во Украина, рече Поповски – Цветин во име на сите членови на Цветиновиот комитет за мир кои ја потпишаа Декларацијата за мир во светот и против војните и употреба на нуклеарното оружје.
На денешното доделување на наградата на плоштадот Македонија присуствуваа членовите на Комитетот, Ксенија Маказлиева Трајчева, уредник во Просветно дело со порака за мир во име на сите деца, Веле Колчаковски, поранешен наш конзул во Софија и меѓународниот шаховски мајстор Димитар Илиевски со симболична порака дека се потребни мудри „шаховски“ чекори да се дојде до мирот во светот. Писателот Горан Анчевски, полковникот и поетот Мендо Димовски, новинарката Валентина Парго и Тодор Стојчевски, д-р за стратешки комуникации како членови на Цветиновиот комитет за мир, ја поддржаа иницијативата со низа активности.
Живко Поповски – Цветин (роден 1944, с. Брезово) е поранешен претседател на Црвениот крст на Македонија, уметник номиниран за Нобелова награда за мир, познат по својата мисија „Цвеќето на мирот“. До денес има реализирано над 300 изложби и има подарено над 70.000 слики, кои се наоѓаат кај државници, уметници, поети и обични луѓе ширум светот.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
-

Средба Муцунски - Ѓорѓиевски: Унапредување на соработката на домашните компании со ДКП
-

Лазаров: Сакаме да одиме во втората рунда, сите го сакаат тоа
-

Украинскиот парламент не ги одобри министрите за одбрана и за енергетика
