Времето денес ќе биде сончево и доста топло
Времето денес во Македонија ќе биде сончево и доста топло за овој период од годината, а ќе дува и слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи во југозападните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје, слично време, сончево и доста топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 31 степен.
Во наредните денови ќе се задржи сончево и доста топло време, но во попладневните часови не е исклучена појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Од средината на наредната недела во попладневните часови повторно ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Температурата ќе биде во благо опаѓање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани