Македонија
22. March 2023 - 8:23

Времето денес ќе биде променливо облачно и врнежливо

Времето денеска во целата земја ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне во источните делови ќе има слаб локален дожд.

Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат од минимални 2 степени во Маврово до максимални 18 степени во Гевгелија.

И во Скопје променливо облачно со умерен ветер од северен правец со минималната температура од 6 степени, а максимална од 16 степени.