Временска прогноза, подгответе се за нови врнежи од снег во Скопје
Температурата која денеска ја очекуваме е од 9°С до 11°С низ котлините и повисоките населени места. Поширокото гевгелиско - дојранско подрачје повторно очекува вредност на максималната температура, околу 15°С.
Во однос на викендот, сабота ќе биде претежно сончева, со услови за појава на магла наутро низ котлините, додека недела ќе започне со поведро време, но ќе има тенденција на наоблачување во текот на попладнето.
Температурата за време на викендот нема да има погололеми промени во однос на онаа која што се очекува денеска.
Слично време не очекува и на почетокот на наредниот месец, поточно првата седмица од него, а потоа, долгорочните прогнози најавуваат наоблачување кое ќе резултира со врнежи од дожд во втората недела на февруари, кои кон крајот на седмицата ќе преминат во снег, а температурите ќе се спуштат за некои десетина степени.
Ново на Сител
-
Презентација на Извештај за состојбата на Ромите во Северна Македонија во 2024/2025
-
Премиерот Мицкоски учествува на 6. Самит на Европската политичка заедница во Тирана
-
Во Кривичен прододолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Австриската министерка за надворешни работи Мајнл-Рајсингер во Скопје
-
Рубио: САД се вознемирени од хуманитарната ситуација во Појасот Газа
-
Шекеринска во посета на Естонија
-
Кошта во Тирана излезе со нов моментум за проширувањето на Европската унија - доследност и доверба
-
Облачно и свежо со дожд, температурата до 16 степени