-->
-->
Временото повлекување на Груевски депонирано во македонското Собрание
-->
Премиерот Никола Груевски ги исполни обврските согласно Договорот од Пржино. Временото повлекување на премиерот денес е депонирано во македонското Собрание.

Информацијата ја потврди и претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски.
-Ве известувам дека денес, 15.01.2016 година, ми беше доставена оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, г. Никола Груевски. Оттаму, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе постапувам во согласност со уставните, законските и деловничките права и обврски. Истовремено, имајќи ги во предвид превземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија согласно договорот од 2 јуни 2015 година и протоколот од 15 јули 2015 година, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе го следам исходот од денешните разговори со посредство на меѓународната заедница. Искажувам надеж дека политичките лидери на Република Македонија ќе успеат да ги надминат меѓусебните предизвици, а во функција на натамошен демократски развој на Република Македонија. Верувам дека во периодот што следи ќе биде направен уште еден исчекор во исполнувањето на обврските од постигнатиот договор, а во функција на натамошно стабилизирање на вкупните прилики во државата, вели Вељаноски во својата изјава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Трагедија во Тузла
-

Филипче: Остануваме слепо црево на Балканот - Владата нема капацитет да ја води државата
-

Експерти: Критиките на ЕУ за судството и корупција се очекувани, како до позитивни оценки?
-

Македонија се оддалечува од стандардот на ЕУ, нема напредок во клучните економски реформи
-

Влошени прогнозите за инфлација, подобрени за раст на економијата
-

2026 - Година на раздолжување и задолжување
-

ВРЕДИ очекува министер плус по заминувањето на Меџити - Од Влада велат преговори нема
