Време е за европски НБА тим!
Дамјан Рудеж, поранешен играч на Индијана и Орландо, рекол дека тим составен од европски кошаркари би се прошетал до титулата во НБА лигата.
„Јанис Адетокумбо и Лука Дончиќ се сигурни во поставата, морам тука да го ставам Бојан Богдановиќ, а под кошот би биле Никола Јокиќ и Никола Вучевиќ. Не би можеле никого да се одбранат од никого но би играче добра кошарка“, рекол Рудеж.
„Од бековите тука се уште Рики Рубио, Богдан Богдановиќ, Еван Фурније, Денис Шрудер и Томаш Саторански, додека конкуренцијата под кошот е страшна: Руди Гобер, Кристапс Прозингинс, Домантанс Сабонис, Данило Галинари, Лаури Марканен, како и Дарио Шариќ, Ивица Зубац, Јусуф Нуркиќ…“, рекол Рудеж и дополнил.
„Дефинитивно би можел да се состави страшен тим само од европски кошаркари. Тој тим би се прошетал до титулата. Мислам дека никогаш претходно немало толку „франшизни играчи“ од Европа. Во многу екипи тие се прва или втора опција во нападот“.
Дамјан Рудеж минатата сезона играше во Мурсија, а оваа се уште нема клуб.
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Независните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер