Кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка - Митовски тврди: Се е по закон
Јавното обвинителство да ја процесиуира кривичната пријава која СВР Куманово му ја поднесе на градоначалникот на општина Крива Паланка, бара владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Доста е од локални шерифи кои работат за сопствени интереси, велат од партијата.
Градоначалникот Сашко Митовски, кој тврди дека го прекинал одморот за да одговори на обвинувањата вели дека ова е очаен политички обид за негова дискредитација пред локалните избори, а целата процедура била законски спроведена.
Митовски е третопријавен во случај во кој осомничени се три лица за злоупотреба на службената положба. Според полицијата, спротивно на Законот за градење, тројцата осомничени дозволиле промена на инвеститор, иако дозволата за градење кое ја поседувал претходниот инвеститори била истечена.