-->
-->
Време е Милер да замине од Баерн
-->
Напаѓачот на минхенски Баерн, Томас Милер, се подготвува наредното лето да замине од клубот.
Германскиот репрезентативец зад себе ја има најлошата сезона во кариерата. Кај тренерот Карло Анчелоти минатата сезона беше стартер на 25 натпревари во Бундеслигата и постигна само пет гола, што е најлош учинок за него во првенството уште од сезоната 2008/2009, но тогаш одигра само четири натпревари.
Милер минатата сезона не го криеше незадоволството од минутите за игра кои ги добиваше од тренерот Карло Анчелоти. Германските медиуми пишуваа дека тој е подготвен да замине од клубот, но напаѓачот реши да остане уште една сезона во Минхен.
Интерес за Милер покажуваат четири екипи: Арсенал, Челси, Ливерпул и Јувентус.
Томас Милер целата своја досегашна кариера ја минува во Баерн. За Баварците во Бундеслигата има одиграно 294 натпревари, на кои постигнал 111 гола.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Стојанче Ангелов, директор на ДЗС
-
Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
-
Арсовска добила нови закани, Мицкоски повика МВР и ОЈО да постапат по пријавите
-
ЛДП поднесува предлог-закон за една изборна единица и отворени листи
-
Филипче бара фокус на ЕУ агендата
-
ВМРО-ДПМНЕ за модуларните
-
Какви предности ќе донесат измените на Закон за царини?
-
Се подобрува здравствената состојба на дел од повредените во трагедијата во Кочани