Вреќи полни со пари паѓаа од камион, возачите застанувале и собирале по патот
Околу 600.000 американски долари излетале од камион на компанијата за обезбедување „Бринкс“ , вчера во Индијанаполис, САД. Полицијата побарала од луѓето кои ги зедоа парите да ги вратат, инаку ќе бидат обвинети за кражба.
Не е јасно како се отворила задната врата на оклопното возило. Некои возачи ги запреле своите автомобили да соберат колку што е можно повеќе пари. Инцидентот беше објавен на Интернет.
реќите полни со пари паѓаа од камионот по патот. Тоа беше сцена како од филм, банкнотите летаа покрај патот, колите сопираа, а луѓето излегуваа од автомобилите, изјави полицискиот службеник Брок Меки.
Полицијата објави дека трагаат по сите кои застанале на патот за да земат пари. Од администрацијата соопштија дека веќе примаат дојави со броеви на регистарски таблици и ги советува оние што ги зеле парите да ги контактираат и да ги вратат.
Ново на Сител
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми
-
Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
-
Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило