Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
Ѕвездата на Тотенхем, Хјунг-Мин Сон, призна дека силно се надева дека ќе го добие финалето против Манчестер Јунајтед во Лигата на Европа и ќе го подигне својот прв трофеј со тимот на Спарс - нешто што го чекал 10 години.
-Освојувањето на трофејот би бил многу посебен и историски момент. Тука сум 10 години и само сакам да го освојам трофејот. Нешто што никој овде не го направил во тие 10 години. Утре ќе биде огромен ден за клубот и за момците. Скарата што ја имавме беше многу важна. Сите бевме заедно и се забавувавме убаво, разговарајќи за животот. Како да се зближуваме уште повеќе. Особено во текот на оваа сезона, која беше тешка, секогаш бевме заедно и сплотени. Затоа сме во ова финале, за кое сум подготвен. Секако, натпреварот против Кристал Палас беше мој прв по повредата, а играв и против Астон Вила. Не очекував да играм толку многу, но се справив со тоа. Физички сум подготвен, момците се исто така подготвени за најголемиот натпревар во сезоната, изјави Сон на прес-конференцијата пред утрешното финале.
Ново на Сител
-
Црна Гора го одбележува Денот на независноста
-
Познати полуфиналните двојки во ракометниот Куп на Македонија
-
Тројца напаѓачи би можеле да го напуштат Ливерпул ова лето
-
Ѓоковиќ: Сè уште имам желба да освојувам Гренд слем титули
-
Заврши соработката меѓу Работнички и Станиќ
-
Аморим: Освојувањето на Лигата на Европа нема да ги реши нашите проблеми
-
Сон: Во Тотенхем сум 10 години и сакам да го освојам трофејот
-
Лишен од слобода возач од Струшко затоа што пијан управувал возило