Џет-Сет
30. April 2018 - 21:10

Враќање на сцената по големата трагедија: Српската актерка што ја рани љубовникот се враќа во театарот

Актерката Ивана Панзаловиќ по трагедија која ја снајде кога вереникот, пластичниот хирург Срѓан Цветановиќ се обиде да ја убие, пукајќи и во глава, после речиси 8 месеци се враќа на сцената.

Ивана ќе се претстави пред белградската публика во драмскиот театар во претставата „Во трага“ на режисерот Ненад Гвозденовиќ.

Да потсетиме, Срѓан Цветановиќ пукаше во Ивана на 7 септември минатата година, откако се скарале во неговиот стан на Дедиње. Откако ја рани, тој си пресуди сам на себе.