Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари

Премиерот Христијан Мицкоски не очекува поскапување на струјата од 1 јануари. Како што рече денеска, сепак, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), како независно тело, го има последниот збор.
Оваа Влада, истакна Мицкоски, не е феудална, туку според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир.
-Нема да бидам измамник како што беше минатата влада, да кажувам дека Владата ги субвенционира сметките на граѓаните. Тоа не го прави. Ние сме Влада која според Уставот е должна да се грижи за социјалниот мир. Ние не сме феудална Влада, туку Влада која треба да се грижи за стандардот на граѓаните и затоа нема да ги лажам граѓаните дека и покрај тоа што на берзите цената на струјата е 100, 200, 300 евра за мегават час, а тука граѓаните ја плаќаат помалку од 60 евра, дека ние субвенционираме. Не, ние работиме заедно со граѓаните зашто се грижиме за социјалниот карактер на државата и од тие причини не очекувам дека ќе има поскапување на струјата. Сепак, секогаш РКЕ е таа што го има последниот збор, истакна Мицкоски.
Ново на Сител
-

Путин одби да се сретне со Зеленски
-

Мицкоски на средби со претставници на стопански комори и градежни компани за реализација на капиталните инвестиции
-

Кошта: Одбројуваме до зачленувањето на Црна Гора во ЕУ
-

Мерц до Западен Балкан: Ве сакаме
-

МСПДМ: Поради значајна реформа во системот на социјална заштита, исплатата на правата ќе се реализира со неколкудневно задоцнување
-

„Гардијан“: ЕУ се обидува да покаже дека Западен Балкан не е запоставен на патот кон ЕУ
-

Унгарија подготвува реформи за деблокирање на речиси 17 милијарди евра од европските фондови
-

СЗО објави шестмесечен план за борба против ширењето на еболата
