Вработените од „Колска“ бараат средба во Владата
Вработените во фабриката за шински возила „Колска“, кои денеска протестираат во Скопје, бараат средба со владини претставници за да се најде решение за нивниот проблем со блокираната сметка поради која не можат да функционираат.
– Чекаме некој од надлежите да се одважи и да не прими. Проблемите во „Колска“ се веќе подолго време, а решение нема. Затоа сме дојдени пред Владата да ни кажат дали „Колска“ ќе работи и како ќе работи. Бараме да ни кажат што понатаму, велат вработените.
Доколку се затвори фабриката, како што посочуваат, вработените ќе останат без работа, а сервисирањето на вагоните на „Македонски железници“ ќе се прави во други држави затоа што „Колска“ е единствената фабрика кај нас која ги сервисира вагоните.
– Ако дојде до затворање на фирмата, 74 вработени ќе останат без работа, а вагоните на „Македонски железници“ ќе мора да се сервисираат во други држави, ќе има одлив на девизи по други држави, посочија вработените во „Колска“.
Сметката на „Колска“ е блокирана поради заостанат долг од околу 650 илјади евра направен во периодот од 2013 до 2017 година. Поранешното раководство на фабриката не плаќало ДДВ поради што е направен долгот.
– Во периодот од 2013 до 2017 година поранешното раководство на „Колска“ воопшто не плаќале ДДВ поради што направиле долг од околу 650 илјади евра. УЈП бара од „Колска“ тој долг законски да се плати во рок од три години по 20 илјади евра месечно. Ние тој долг не можеме да го платиме со овој број на 70 вработени што останаа на работа. Можеме да си го платиме само за тековниот месец, односно онаа работа што сега ја работиме, само за неа можеме да платиме ДДВ, изјави вчера директорот на „Колска“ Мите Јанков.
Вработените вчера претпладне два часа го блокираа патниот железнички сообраќај на железничката станица во Велес.
Ново на Сител
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена