Вработени во „Комунална хигиена“ натепале колега бидејќи го затекнале како чисти и не протестира
Полицијата вчера после полноќ лишила од слобода вработен во ЈП „Комунална хигиена Скопје“ кој заедно со уште неколку лица физички нападнале вработен кој во моментот ги извршувал своите работни задачи.
- Денеска (10.07.2023) во 00.05 часот на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Ц.(28) од Скопје, вработен во ЈП Комунална хигиена Скопје, поради тоа што на 09.07.2023 околу 23.30 часот во трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со Д.Д. и уште неколку лица, физички го нападнале Д.С.(37) од Скопје, додека ги извршувал своите работни задачи како вработен во истото претпријатие, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Оттаму дополнуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на лицата, а по неговото документирање од страна на Единицата за насилен криминал ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“, по член 386 од Кривичниот законик.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Кирил Михаилов, заменик директор во Национални шуми
-
ВМРО-ДПМНЕ го осуди настанот
-
Раста уапсен во Охрид, не стигна да настапи со Џејсон Деруло
-
Повторно гори кај Желино: Состојбата на другите места ширум државата е стабилна
-
Министерот за спорт барал Младинската олимпијада да не се одржи во Скопје
-
ВМРО-ДПМНЕ: За Кочани прашајте го Коцевски
-
СДСМ: Има ли Алказар Енерџи одобрение за изградба
-
Осуммина повредени од трагедијата во Кочани се уште во болница