Вработен во прилепската полиција испукал од службено оружје - нема повредени, штетата е незначителна
– Вработен во МВР денеска околу 15:15 часот во просторија која ја користи Агенцијата за национална безбедност, сместена во Полициската станица во Прилеп, испукал куршум од службеното оружје во подот. Како што информира, Тони Ангеловски, портпарол на МВР, од испукувањето нема повредени, а е причинета незначителна материјална штета.
-Вработениот во МВР, со иницијали З.М. денеска во просторијата што ја користи Агенцијата за национална безбедност, од службеното оружје, пиштол, испукал еден куршум во подот. Од испукувањето нема поврдени, а е причинета незначителна материјална штета. За случајот известен е јавен обвинител и е извршен увид на местото на настанот, соопшти Ангеловски.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во содејство со Надворешната канцеларија за криминалистички работи во Прилеп преземаат мерки за расчистувањето на настанот.
За овој настан постојат неофицијални информации дека, од една страна вработениот не бил задоволен од прераспределувањето, а од друга, испукувањето се случило ненамерно при раздолжувањето со службениот пиштол.
Ново на Сител
-
Стартува новата учебна година за над 245 000 ученици
-
Оваа школска година во Прилеп во основните и средните училишта ќе ја започнат околу 9.000 ученици
-
Охрид доби ново училиште
-
Филипче: Не се откажуваме од резолуцијата со црвени линии, до крајот на неделата документот ќе влезе во Собрание
-
Шумските пожари досега предизвикале штета од една милијарда денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование и наука
-
245 000 ученици утре ќе седнат во училишните клупи - 17 250 се првачиња