Вознемирувачко: Русокоса убавица остана без прсти поради обично воспаление на грло

Шелби Смит (27) од Тенеси загуби шест прсти на рацете и два прста на ногата и тоа поради компикации од воспаление на грлото.
Отпрвин се мислело дека има силно воспаление на грлото но кога почнале конвулзии и кога устата и помодрела, сфатила дека ситуацијата е многу сериозна. Набрзо паднала во септички шол. исклучително ретка и сериозна форма на компликации при воспаление на грло.

Итно е префрлена во болница каде ја ставиле во вештачка кома недела дена. Кога конечно се разбудила, доживеала сцена од хорор филмови.

-Лековите кои во меѓувреме и ги давале, прво ја забавиле, а потоа и ја запреле периферната циркулација поради што прстите прво ми помодреја, а потоа и поцрнеа од некроза, раскажува таа.


Според зборовите на нејзиниот лекар, вакви случаи на компликации среде бактериска инфекција многу се ретки и ги има само стотина на светот на годишно ниво.

Шели поради нејзината состојба мораше парцијално да и ги ампутираат прстите на рацете и нозете, а таа сега успешно се опоравува, и наскоро ќе се венча со својот избраник, пишува Дејли Мејл.
Ново на Сител
-

Шведска со порака: Уставните измени мора да се спроведат
-

Ден на даночните работници
-

АДКОМ и РКЕ со иницијатива за нов тарифен модел за водните услуги
-

Да не дозволиме попреченоста да го дефинира човекот како личност
-

Преглед на вестите од светот
-

Mицкоски: Градинките и училиштата ни се приоритет, наместо платите на судиите и обвинителите
-

Teма на денот со Лилјана Поповска, поранешна пратеничка
-

Пет ученици се хоспитализирани од О.У „Димо Хаџи Димов”, причината за симптомите ќе се знае утре
