Возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид управувале возила под дејство на алкохол
На 04.10.2025 во 01:05 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 01:30 часот на улицата „Ѓорче Петров" во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди" кое го управувал А.К. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 04:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 00:30 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.А..(52) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 03:30 часот на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишија од слобода М.С.(29) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.
На 04.10.2025 во 03:10 часот на ул. „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.Ѓ.(23) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.
Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
Ново на Сител
-
Приведен 29-годишник од Неготино, поднесени кривични пријави и одредена мерка притвор
-
Приведени две лица, пронајдени дрога, дигитална вага и пари | ФОТО
-
Николоски најави поддршка од два милиона евра за дополнителни проекти во општина Кичево
-
Трендафилов од Штип: Минималната плата мора веднаш да се зголеми
-
Државјани на Египет и Албанија нелегално влегле во Македонија
-
Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот
-
Лидерите на Западен Балкан ќе се сретнат в понеделник во Драч на самитот на иницијативата Брдо-Бриони
-
Нарушен јавен ред и мир со физичка пресметка на бензиска пумпа во Карпош