Возач удрил пешаци па побегнал од местото на настанот - тешко повредено 73-годишно лице од Крива Паланка
Возач вчера попладне удрил во пешаци на обиколницата околу Крива Паланка, дел од магистралниот пат А2, Куманово - Крива Паланка, при што едно лице се здобило со тешки телесни повреди и се наоѓа во кома-клиника во Скопје.
Според информациите од министерството за внатрешни работи, сектор за внатрешни работи Куманово, возачот побегнал од местото на настанот, по што наскоро бил пронајден и лишен од слобода.
-Во текот на вчерашниот ден околу 17 часот и 20 минути во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка било пријавено дека на магистрален пат А2, во Крива Паланка, патничко моторно возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од педесет и едногодишниот Р.С. од село Дурачка Река, удрило во пешаците на 73- годишна возраст, Р.С. и А.Ј., 76 години, по што возачот со возилото го напуштил местото. Набргу, по превземени мерки од страна на службените лица од МВР, возачот бил пронајден и лишен од слобода, информира портпаролот на СВР Куманово, Ивана Младеновска.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Р.С., додека А.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Крива Паланка.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Крива Паланка.
Од итната медицинска помош на здравствениот дом во Крива Паланка информираат дека лицето што било примено со тешки телесни повреди е транспорторано во ургентниот центар на општа болница Куманово, кадешто по извршената компјутерска томографија на главата, повредениот е пренесен во ургентен центар Скопје, со прием во кома- центарот на клиниката.
Ново на Сител
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО
-
Вучиќ: Армијата е речиси целосна екипирана, одлучено е да се продолжи со концептот на дигитална армија
-
Ристески: Построги стандарди за заштита и безбедност за физички и правни субјекти кои сакаат да работат со угостителска дејност