Македонија
4. December 2017 - 9:28

Воз излета од шините во БиХ

Патничкиот воз „Талго“, што сообраќа на релација Сараево-Чапљина, синоќа излета од шините во местото Шурманци, на неколку километри северно од Чапљина во југозападниот дел на Босна и Херцегоина.

Причина за несреќата е одрон на карпа на пругата. при што локомотивата и два вагона излетале од шините, лизгајќи се до самито корито на реката Неретва, информира Оперативниот центар на Федералната управа за цивилна заштита.

Во несреќата е повреден машиновозачот, кој бил префрлен во Универзитетска клиника во Мостар. Меѓу патниците нема повредени и тие биле префрлени со други превозни средства до крајната дестинација.

Железничкиот сообраќај е во прекин, а блокиран е и локалниот пат од Шурманци до Чапљина.