-->
-->
Волфер: Се чувствува позитивната клима во Македонија
-->

Раководителот на Секторот за Западен Балкан во Австриското министерство за Европа Клаус Волфер, кој ја предводеше делегацијата, оцени дека се чувствува позитивната клима во земјава.
Како што соопшти владината прес-служба, Волфер му честиташе на премиерот Заев за реформските промени во однос на предизвиците со кои се соочуваше Македонија само пред неполна година.
Премиерот Заев рече дека за Македонија е од големо значење и силна охрабрувачка порака поддршката што ја добива државата од земјите пријатели од ЕУ, како што е Австрија.
- Ги правиме сите потребни реформи, во правосудството, јавната администрација, тајните служби, медиумите, вклучувајќи ги сите засегнати страни и опозицијата. Градиме пријателства во соседството. По договорот со Република Бугарија, пристапивме и во процес на градење доверба и поактивен дијалог со Република Грција. Нашите очекувања се овие напори да бидат вреднувани и нашата држава на пролет да добие чиста препорака од ЕУ, а за време на австриското претседателство и датум за почеток на преговорите со ЕУ, рече Заев.
Тој додаде дека за Македонија, ЕУ и НАТО значат економија, повисоки плати, нови работни места за граѓаните, а доказ за тоа се придвижувањата на инвестициски план, што веќе резултираат со конкретни договори за инвестирање во Македонија.
На средбата е изразена согласност дека Македонија, а и земјите од Западен Балкан треба да го искористат позитивниот момент, да работат на реформите и да ги решат билатералните прашања за да станат дел од ЕУ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %