Македонија
31. January 2022 - 12:51

Волци растргнаа ловечко куче во село Ореово

Волци растргнаа ловечко куче на каналот на „Стрежево“ кај собирниот канак кај битолското село Ореово, пренесува BitolaNews.

- Волците го имаат бркано ловечкото куче кое најверојатно гонело диви свињи, а потоа го нападнале и растргнале. Ова го велам поради тоа што ловџиите од овој реон ми рекоа дека немале изгубено куче, но некоја друга група се распрашувала дали имаат сретнато ловечко куче, вели планинарот Драган Ристевски за порталот.