Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
Колумбискиот претседател Густаво Петро ја спореди политиката на депортирање илегални мигранти, спроведена од американскиот претседател Доналд Трамп, со политиката на нацистичкиот лидер на Германија за време на Втората светска војна, Адолф Хитлер, објавија колумбиските медиуми.
Во вчерашното интервју за „Јунивижн“ (Univision), Петро го нарече Трамп фашист и ги спореди постапките на неговата администрација со оние на нацистичка Германија, во врска со враќањето на илегалните имигранти со лисици од САД во Колумбија, за кои Трамп рече дека биле транспортирани на тој начин бидејќи „тие се убијци, нарко босови и силувачи“, објави Colombiaone.com.
За време на интервјуто Петро призна дека никогаш лично не разговарал со Трамп и дека не го познава добро, но дека врз основа на реториката на Трамп, тој верува дека американскиот претседател е фашист.
-Го слушнав Трамп како вели во своите говори дека „сите мигранти се криминалци“, криминализираше цела група луѓе, а тоа е фашистичка идеологија, рече Петро.
Тој рече дека „целото население не може да се криминализира“, и дека тоа е причината поради која смета дека ставовите на Трамп се во согласност со фашизмот.
-Никогаш не би можел да кажам дека секој бел Американец е експлоататор – тоа би било огромна грешка. Уште полошо, никогаш не би можел да кажам дека сите се криминалци само затоа што се бели, што е она што се случи во Германија во 1933 година. Криминализираа цела верска група и тоа доведе до истребување на шест милиони луѓе, рече Петро.
Колумбискиот претседател изјави дека денеска во градовите низ САД „се спроведуваат рации“.
-Тие не бараат документи, тие судат според изгледот. Ако не положите брз расен тест, вие сте цел. Тоа е фашизам. Тоа произлегува од длабоко вкоренет расизам, рече тој.
На директно прашање на новинар дали колумбискиот претседател мисли дека Доналд Трамп е фашист, Петро одговори позитивно.
-Да, бидејќи криминализирањето на цели групи на население за да се добие аплауз од мнозинството е токму тоа што Хитлер го направи со Евреите и социјалистите во 1933 година, рече Петро.
Петро сугерираше дека ставот на Трамп за него како комунист бил под влијание на дезинформациите од богатите Колумбијци кои живеат во САД.
-Знам дека многу моќни Колумбијци кои живеат во САД го обликуваа неговото гледиште за мене како комунист, како буак. Но, тој никогаш не разговараше со мене, не знае што мислам. Во најдобар случај, тој знае кој сум јас. истакна Петро.
Изјавата на Петро доаѓа по обвинението на Трамп во врска со колумбиските државјани неодамна депортирани назад во Колумбија, за кои рече дека биле врзани со лисици бидејќи биле членови на нарко картел.
-Не критикуваа што ги депортиравме со лисици. Тој (Густаво Петро) рече дека тоа не е вистинскиот начин да се третираат. Но, тоа се убијци, нарко босови и членови на банди“, рече Трамп на прес-конференција во понеделникот.
Два дена подоцна, Трамп повтори дека „овие оковани мигранти се убијци, дилери на дрога, силувачи“ и дека ги прават американските криминалци „да изгледаат како добри луѓе“.
Ново на Сител
-
Колумбискиот претседател го нарече Трамп „фашист“ и го спореди со Хитлер
-
Во тек е голема полициска акција за откривање и запленување на фалсификувани пари
-
Четиригодишното дете од Струга што почина имало тешка форма на церебрална парализа и загрозени витални параметри
-
Четиригодишно дете починало во Струшката болница
-
Вкупно седум лица повредени во две одделни сообраќајки близу Кичево, меѓу нив 19-годишна девојка
-
89-годишен битолчанец удрен од автомобил, се здобил со тешки телесни повреди
-
Дончиќ нов играч на Л.А. Лејкерс, трансферот се одвивал во строга тајност, Словенецот не знаел ништо
-
Јаневска за новиот концепт на гимназинско образование: Нормално е да има реакции, не е исклучена можноста за промени