Војводата од Кент на одбележувањето на стогодишнината од Првата светска војна во Скопје
Војводата од Кент денеска присуствуваше на церемонија на британските воени гробишта во Скопје по повод стогодишнината од Првата светска војна.
На службата по повод годишнината од двете светски војни, присуствуваа замени министерот за одбрана Беким Максути, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и италијанскиот амбасадор Карло Ромео, како и високи воени претставници.
Војводата од Кент е претседател на Комисијата за воени гробишта на Комонвелтот од 1970 година. Комисијата е организација што им оддава спомен на сите мажи и жени кои служеле и починале во двете светски војни и се грижи за спомениците на 23.000 локации во 154 земји.
Како што соопштија од Британската амбасада, војводата од Кент денеска во близина на Раброво положи цвеќе на споменикот во чест на 10-та ирска дивизија и се информираше за битките во Дојран и Костурино, со детали за бројот на британски и ирски формации, вклучително и 10-та ирска дивизија.
Ново на Сител
-
Филипче: Продолжува борбата за европската интеграција
-
Охрид полн со гости за Илинден
-
Министри во трка за локалните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда