Свет
29. September 2015 - 23:37

Војчех Савицки реизбран за генерален секретар на ПССЕ

Паралментарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) денеска го реизбра Полјакот Војчех Савицки на функцијата генерален секертар на ова претставничко тело на Советот на Европа. 

Како што јави Танјуг, при гласањето, за Савицки се изјасниле 140 членови на ПССЕ, додека неговиот противкандидат за оваа функција, Србинката Светислава Булајиќ добила 108 гласа.

Ова ќе биде втор петгодишен мандат на Савицки на местото генерален секретар на ПССЕ.